Во два различни случаи изгореа плински боци во Куманово, нема повредени

Сподели со своите пријатели

Во два одвоени случаи во Куманово вчера се запалиле плински боци при што морале да интервенираат пожарникарите.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, на улицата „Раде Кончар“ околу 14:40 часот се запалила плинска боца. На терен веднаш излегле четворица пожарникари и за само 15 минути ја завршиле интервенцијата.

Во атарот на населбата Вера Которка при работа се запалиле оксигенски боци. Тројца пожарникари интервенирале во период од 16:00 до 16:40 часот.

Во двата случаи нема повредени, ниту причинета материјална штета, посочуваат од РЦУК.

Интервенција во текот на ноќта пожарникарите имале и на железничката станица Табановце, каде се запалил вагон со ќумур. Интервенцијата траела од 03:10 до 05:00 часот утринава.

Leave a Reply