Во два одвоени случаи Албанец и Србин приведени на Табановце

Сподели со своите пријатели

Во два одвоени случаи во текот на вчерашниот ден државјани на Република Албанија и Република Србија биле приведени на граничниот премин Табановце, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено во првиот случај околу 15,20 часот на граничниот премин „Табановце“ на излез од РМ, при контрола на патничко моторно возило марка „Сеат Алтеа“ со српски национални ознаки управувано од Д.К.(29) од Р.Србија било утврдено дека ВИН бројот отстапува од оргиналната изведба, односно е фалсификуван. Истиот бил приведен во СВР-Куманово за понатамошна постапка.

Неколку часа подоцна, односно во 21,30 часот на истиот граничен премин, на излез од Р.Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификувана патни исправи“ приведен бил П.Е.(23) од Република Албанија. Истиот бил предаден на УПС од СВР Куманово, за понатамошна постапка.