Во два одделни случаи спречен обид за криумчарење 12 мигранти

Сподели со своите пријатели

Полицијата во текот на вчерашниот ден спречила шверцување на вкупно 12 мигранти во два оделни случаи, информираат од Министерството за внатрешнира боти.

Имено првиот случај е регистриран околу 7:45 часот кога во Стрмица полициски службеницистопирале патничко моторно возило „Форд Мондео“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.А. (35) од Скопје, во кое биле пронајдени шест мигранти.

Во вториот случај, исто така, во Струмица на излезот кон Радовиш во патничко моторно возило марка „БМВ 525“ со  скопски регистарски ознаки, управувано од  С.А. (28) од с.Арачиново, скопско, биле пронајдени шест мигранти. С.А. откако го видел полициското возило се обидел да избега, влегол во градската автобуска станица, каде ги истоварил шесте мигранти, но бил забележан од полициски службеници.

Двете возила биле одземени, а возачите и мигрантите приведени во Полициската страница – Струмица за понатамошна постапка.