Во Доњецк пристигнаа првите мобилизирани руски војници

Сподели со своите пријатели

Првите војници повикани како дел од делумната мобилизација пристигнаа во Доњецката Народна Република (ДНР), објави на Телеграм Народната милиција на самопрогласената ДНР.

Loading...

– Првиот воен персонал повикан на воена служба по делумната мобилизација најавена во Русија пристигна во зоната на специјални воени операции, на територијата на ДНР. Сега тие минуваат низ интензивна борбена обука на полигоните, што го зема предвид искуството од борбите во последните месеци – се вели во соопштението.

Во соопштението тие нагласија дека „граѓаните со ентузијазам ги пречекале војниците и дека му се благодарни на Путин за одлуката“, пренесува РИА Новости.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.