Во дом на жител од с. Лојане полицијата открила мино фрлач, а во шталата мигранти

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден во 7:15 часот од страна на полициски службеници на СВР – Куманово бил извршен претрес во домот и останатите простории во сопственост на А.Р. од с. Лојане.

Во неговиот дом била пронајдена и одземена нишанска направа за мино фрлач, додека во просториите на неговата птала биле пронајдени пет лица странски државјани од кои двајца Авганистанци, двајца Иранчани и еден жител на Пакистан.

По целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, додаваат од Министерството за внатрешни работи.