Во дом на кумановец пронајдени марихуана, дробилка и дигитална вага

Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишен кумановец вчеравечер бил риведен откако во неговиот дом полицијата пронашла марихуана, дробилка и дигитална вага.

Loading...

– На 27.09.2022 година во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Б.(33) од Куманово. При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, дробилка и дигитална вага, информираат од кумановската полиција.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку луѓе гласале во Куманово до 13 часот?