Во денешната полициска акција е приведен и претседателот на Основен Суд – Куманово

Сподели со своите пријатели

Во денешната полициска акција, иако се уште нема официјални информации, приведен е М.С и Претстедателот на Основен Суд – Куманово, поради основи на сомнение за вмешаност во злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба.

Loading...

Извори на Кумановски Муабети велат дека претседателот е приведен, но се чека на официјална потврда на МВР.

Како претходница на полициската акција, наводно доцна ноќеска, на вонредна седница на Судскиот совет, на претседателот му бил одземен имунитетот, за да може да биде приведен а потоа и изведен пред Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје.

Според првичните информации од терен, Обвинителството спроведува истражна постaпка против 12 лица, а дел од нив веќе се на распит во Основниот суд Скопје 1. Останатите 11 осомничени се гонат за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Лихварство, Изнуда и Криумчарење мигранти.

Министерството за внатрешни работи најави прес конференција на којашто ќе соопшти детали за полициската акција спроведена во Скопје и Куманово.