Во декември нов Рамковен договор и федерализација на Македонија?

Сподели со своите пријатели

ДУИ ќе побара нов Рамковен договор во Македонија на декемвриската конференција, кога официјално и ќе биде презентирана анализата изработена од Европскиот институт за мир, предводена од посредникот во конфликтот од 2001 година, Питер Фејт, пренсуваат порталите во државава.

Loading...

Препораките од анализирањата на договорот велат дека мора да се направат нови уставни и законски промени, односно укинување на критериумот од 20% и официјализирање на албанскиот јазик како втор службен јазик во Република Македонија, како и издигнување на албанската заедница над останатите малцинства, што би можело да доведе и до федерализација на државата.

Како што вели професорката Каракамишева за Канал 5, воведувањето двојазичност само ќе биде основа преку која ќе се бара федерализација на државата.

Таа истакнува дека со оглед на ценолсната импелемтација на Рамковниот договор во Уставот и Законите во државата, задржувањето на „духот на Рамкивниот договор“ може само да значи воведување нова политичка стратегија за поделба на државата.

извор: ТВ Канал 5