Во четврток повеќе локации во Куманово без струја

Сподели со своите пријатели

Улиците „Илинденска“ и „Трст“ во четврток ќе останат без електрична енергија. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на овие две локации струјата ќе биде во прекин во период од 08:00 до 11:00 часот.

Во истиот период без електрично напојување ќе биде и селото Ваксинце.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија, поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Leave a Reply