Во четврток кумановчани ќе дознаат на што ќе се трошат народните пари во 2016

Сподели со своите пријатели

Вкупно седумнаесет точки ќе се најдат пред советниците на општина Куманово на редовната 46 – та седница закажана за четврток, инаку последна советничка седница за оваа година.

Советниците ќе дискутираат за програма за работа на Јавната општинска установа – Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово во 2016 година, за тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01 јули до 30 септември, како и за работната програма за ова кумановско јавно претпријатие.

Меѓу останатите точки се најде и предлог – измена и дополнување на планот на програми за развој на Општината Куманово за 2016 година, како и предлог – одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти “Куманово – Гас” Куманово.

Советниците ќе дискутираат и за предлог буџет за општината за 2016, и одлука за негово извршување.

На седницита ќе се гласа и за одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на државни службеници за 2016 година и утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општината Куманово за 2016 година.

Останатите точки се поврзани со урбанистичко уредување на градот и повторно гласање по предлог – одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на Македонска православна црква – Охридска архиепископија – Скопје, Кумановско – Осоговска Епархија.