Во четврток ќе се прска против комарци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Се известуваат пчеларите дека на ден 14.09.2017 година (четврток) во раните утрински часови ќе се изврши авионско прскање против комарци на територија на Општина Куманово.

Пчеларите да си превземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Во случај да не се изврши авионско прскање поради неповолните временски услови, истото се одложува за наредниот ден, информираат од Општина Куманово.