Во Чешка има „омикрон парадокс“: Се помалку хоспитализации и рекорден број новозаразени

Сподели со своите пријатели

Во Чешка веќе неколку дена се забележани рекорди по бројот на новозаразени со корона вирусот, а во понеделник тоа беше апсолутен рекорд од почетокот на пандемијата со 33.545 новозаразени, но бројот на Ковид-19 пациентите, особено оние во тешка состојба и починатите, значително се намалува.

Loading...

Од вкупно 33.545 новозаболени, 3.195 се повторени заразени, но и без нив зголемувањето на новозаболените е за половина поголем од пред една недела, додека бројот на тешко болни пациенти на интензивна нега или респиратори е намален за речиси третина, на 207 потешки пациенти, а во болница се седум отсто помалку ковид позитивни од пред една недела, од нив 1.695.

Трендот на намалување на хоспитализирањата е присутен од почетокот на декември минатата година, а актуелниот феномен на раст соборува рекорди, а хоспитализирани и починати има се помалку, па медиумите во Чешка почнаа да го нарекуваат „омикронски парадокс“.

Вкупно 134 лица заразени со коронавирус починале во последната недела, што е за речиси две петини помалку од претходната недела, соопшти денеска чешкото Министерство за здравство.

Од почетокот на вакцинацијата во јануари минатата година, употребени се 16,8 милиони дози вакцина, а во Чешка, која има околу 10,7 милиони жители, вакцинирани се 6,8 милиони, а третата доза ја примиле 3,6 милиони.