Во Буџетот за 2022 година предвиднеи средства за втора фаза од реконструкцијата на Театар Куманово

Сподели со своите пријатели

Буџетот на Министерството за култура за 2022 година ќе изнесува 62,6 милиони денари, а меѓу капиталните проекти предвидени се средства за втората фаза од реконструкција на Театар Куманово, додека првата сѐ уште е во тек.

Loading...

„Предлог-буџетот за културата за 2022 година изнесува три милијарди 855 милиони 548 илјади денари или 62 милиона 692 илјади евра. Тоа е скоро 10 милиони евра повеќе од буџетот со кој располагавме оваа година“, информираше министерката за култура, Ирена Стефоска на денешната прес-конференција, на која го презентираше Предлог-буџетот на Министерството за култура за наредната година.

„За поддршка на проектите од Национален интерес во културата за 2022 година, пак, од буџетот се издвоени над 17 милиони евра, што е за над 1 ипол милион евра повеќе за оваа намена од оваа година“, рече министерката за култура.

Во тој контекст, Стефоска на прес-конференцијата, изрази задоволство што на Годишниот конкурс кој за прв пат се реализираше преку електронска апликација, пристигнати се 3800- пријави кои автоматски добија и архивски број. Таа потсети и дека за електронската апликација беа одржани обуки во повеќе градови, беше изработено видео упатство, отворени телефони за консултација и техничка поддршка, како и маил адреси за прашања од корисниците во секоја дејност, а беше продолжен и рокот за аплицирање на 39 дена. Сепак, по административната проверка на доставената документација, службите констатирале дека голем број од пријавите се пополнети со нецелосно исполнети барања од конкурсот. Од тие причини, а во интерес на корисниците, Министерството одлучи да даде дополнителен рок од уште 15 дена.

„Во интерес на корисниците, Министерството одлучи да даде дополнителен рок од уште 15 дена (согласно член 39 од законот за општата управна постапка). Корисниците што ќе добијат е-маил, ќе можат да ги докомплетираат пријавите.Фактот дека речиси 2/3 од стасаните пријави во старт се нецелосни, што веројатно се должи на небрежноста на апликантите, не наведе на овој чекор. Не смееме да го осиромашиме квалитетот, а конкуренцијата да ја сведеме на минимум. Исто така, при административна проверка на пријавите утврденo е системско преклопување при прикачувањето на дел од пријавите во издавачката дејност. Се работи за мал број на пријави, 93, и од тие причини секој апликант ќе биде контактиран и известен кој податок ќе треба да го достави во дополнителниот рок. Ова не подразбира нова пријава туку само дополнување на веќе доставените пријави кои имаат архивски број. Од утре, 2-ри до 16-ти декември е рокот за дополнување на пријавите“, рече Стефоска.

За таа цел повторно ќе бидат отворени дежурни телефони преку кои вработените во Министерството за култура ќе бидат во контакт со корисниците. Стефоска смета дека со електронската апликација направен е огромен исчекор во градење на системот, а фактот што се овозможува дополнителен рок за пријавување значи дека резултатите од конкурсот ќе бидат објавени, наместо до 20-ти јануари, најдоцна до половината на февруари, наредната година.

На прес-конференцијата министерката Стефоска информираше дека во фокусот на буџетот на наредната година се и капиталните инвестиции и санации во културата во висина од близу 10 милиони евра, средства наменети за:

– втората фаза од изградбата на Турскиот театар во Скопје,

Loading...

– реализација на следната фаза од изградбата на Театар и библиотека во Тетово,

– завршни работи на Театарот во Струмица,

– втора фаза од реконструкцијата на Театарот во Куманово,

– втора фаза од реконструкцијата на Центарот за култура во Кочани,

– втора фаза од реконструкцијата на Центарот за култура во Гостивар,

– реконструкција и санација на покривот на Националната универзитетска библиотека Св. Климент Охридски во Скопје, како и за други проекти кои ќе бидат одобрени во годишната програма од областа на инвестициите за 2022 година наменети за објектите во кои се сместени културните установи.

Воедно министерката за култура на прес-конференцијата потврди дека заштитата на културното наследство и натаму останува врвен приоритет на Министерството за култура, а во фокусот за наредната година остануваат и зајакнувањето на ЕУ интеграциите во културата и грижата кон младите уметници

„Буџетот на Министерството и на Управата за заштита на културното наследство е близу 194 милиони денари или 3 милиони и 200 илјади евра. За програмата Културно наследство во опасност, која ја поставивме за прв пат во буџетот за оваа година, останува истата висина на средствата од 12 милиони денари. Приоритет и натаму е како материјалното, така и нематеријалното културно наследство, а за блок дотациите кон општините предвидени се скоро 6 милиони евра“, истакна министерката за култура.

Loading...

Културата во вкупниот буџет на државата учествува со 1.49 %, што според Стефоска не е доволно, но е одговорно однесување кон народните пари во време на здравствена и на економска криза.