Во бркотница како на филм, уапсени дилери на дрога (галерија)

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од МВР, по спроведената повеќемесечна истрага, на 23ти овој месец, Секторот за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализираше случај на недозволена трговија со наркотична дрога, при што во моментот од слобода се лишени пет лица, сите македонски државјани и членови на веќе позната криминална група. Според информациите и документираните сознанија на полицијата оваа криминална група подолг временски период се занимавала со недозволена трговија и препродажба на кокаин низ скопските улици. Имено кокаинот го препродавале како дилери така и директно на наркозависнити по цена од 60 до 70 евра за грам.

Loading...

Дрогата била набавувана од западоевркопските земји и преку различни илиегални канали ја внесувале на територијата на Република Македонија. Во рамкита на акцијата, која е дел од оперативната обработка „Мрежа“ запленети се 20 грама кокаин, вага, ПМВ Голф 5, пиштол со три рамки и 15 куршуми, повеќе SIM картички и мобилни телефони, а од осомничените времено се одземени и парични средства во износ од околу 40.000 евра.

Според информациите на министерството, при обид М.Р. (38) да биде лишен од слобода во Скопје, истиот со автомобил марка „Голф 5“ и неговиот совозач А.М. (27) се дале во бегство од индустриската зона Визбегово преку обиколницата Скопје во правец на Тетово. Во текот на бегството М.Р. со своето возило удрил во полициски автомобил. Од страна на полициските службеници на осомничениот му бил даден јасен знак за запирање, но тој не го испочитувал, по што од нивна страна најпрвин биле испукани предупредувачки истрели во воздух, а откако предупредувањето не било испочитувано, полицајците пукале кон возилото со цел онеспособување на истото. Возилото е запрено на обиколницата пред с. Сарај при што од возилото се лишени и двјцата осомничени.

Досега, во рамките на истата оперативна акција „Мрежа“ 185 лица имаат добиено кривични пријави, а запленети се 525 најразлични видови на наркотична дрога.

[huge_it_gallery id=”109″]