Во Британија уапсена банда што криумчарела Албанци

Сподели со своите пријатели

Седум лица беа уапсени во операција за која британската полиција верува дека „значително ќе ја разниша“ шверцерската мрежа, која нелегално вовела стотици Албанци во Велика Британија, наплатувајќи им до 30.000 евра по лице, објави денеска Националната агенција за борба против криминалот ( НЦА).

Loading...

НЦА додава дека водачот на бандата е меѓу уапсените, по рациите во вторникот во јужен Лондон, Сари, Оксфордшир и Хартлпул.

Истражителите веруваат дека осомничените шверцери – за кои се верува дека имале контакти во Франција, Германија, Холандија и Полска – користеле камиони и изнајмувале комбиња за да превезуваат луѓе од северна Франција во Велика Британија, објави „Дејли меил“.

Меѓу уапсените има и мажи на возраст од 26 до 44 години, како и една жена (26)..

Тие се соочуваат со обвиненија за помагање и поддршка на илегална имиграција, олеснување на илегална имиграција, перење пари и поседување лажни документи.

Leave a Reply