Во Британија откажани фестивали, фудбалски натпревари, трки, награди…

Сподели со своите пријатели

Голем број спортски настани во Велика Британија беа откажани по смртта на британската кралица Елизабета Втора која почина во четвртокот на 96-годишна возраст.

Loading...

Во знак на жалост откажани или прекинати се бројни спортски настани.

Денеска, меѓу другите, нема да се одигра средбата од деветтото коло од Чемпионшип помеѓу Барнли и Норвич Сити и натпреварот од „Лига 2“ меѓу Транмер Роверс и Стокпорт Каунти.

Одложување на натпреварите очекуваат и премиерлигашките клубови

Трките со коњи, натпреварите во рагби и крикет и турнирот за голф на шампионатот PGA во Вентворт се откажани за викендот.

Веднаш беше откажана етапата на Трката околу Британија во петокот, а потоа и целата трка што требаше да заврши во недела.

Англиските медиуми пренесуваат дека многу клубови од Премиер лигата очекуваат одложување на натпреварите за овој викенд.

Театарските претстави не се откажани, но ќе им претходи едноминутно молчење.

Наградата Меркјури и светски познатиот фестивал на класична музика на Би-Би-Си, Би-Би-Си Промс, исто така се откажани.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.