Во Бразил во последните три месеци угинале 500 милиони пчели

Сподели со своите пријатели

Во последните три месеци во Бразил угинале повеќе од 500 милиони пчели.

Loading...

Како што пренесуваат локалните медиуми, само во државата Рио Гранде до Сул пронајдени биле околу 400 милиони угинати пчели.

Научниците сметаат дека до масовниот помор дошло поради наглата употреба на пестициди, за кои е докажано дека се штетни за околината.

До поморот на пчели дошло затоа што жителите користеле пестициди кои се забранети во Европа, а кои во себе содржат материи како неоникотиноид и фипронил.

Употребата на пестициди, според Грнипис, во Бразил е зголемена во поседно време, а само во последните три години регистрирани се 193 производи кои содржат хемикалии забранети во ЕУ.

Leave a Reply