Во Боливија развеано знаме долго скоро 200 километри (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Илјадници граѓани на Боливија развлекоа знаме долго околу 196 километри во текот на демонстрациите по повод барањето на земјата за пристап на море.

 

Loading...

 

Боливиските власти наведуваат дека знамето на морнарицата на земјата кое го држат луѓето долж патот, сега е најголемо или во најмала рака најдолго знаме во светот.

 

 

Знамето на морнарицата во поголемиот дел е сино, но на еден дел се наоѓаат и црвена, жолта и зелена боја од знамето на државата Боливија.

 

Loading...

 

Илјадници луѓе го прифатиле повикот на претседателот Ево Моралес да излезат на демонстрацијата.

 

 

Боливија во војната против Чиле, која траела од 1879. до 1883. година, го изгубила својот единствен излез на морето.

 

 

Тие бараат некој вид пристап до море веќе генерации наназад, а од Меѓународниот суд побарале да им нареди на Чиле да се вклучат во преговорите за договор во добрата намера.

 

Loading...

 

 

Leave a Reply