Во Албанија стапија на сила нови правила за влез во земјата

Сподели со своите пријатели

Во Албанија од денеска стапија на сила новите мерки против коронавирусот, кои предвидуваат дека ниту еден странец или државјанин на Албанија не може да влезе во земјата без доказ дека е негативен на коронавирус.

Loading...

При влегување, потребно е да покажете пасош за вакцинација, со датум од најмалку две недели од целосна вакцинација, негативен PCR тест не постар од 72 часа или антигенски не постар од 48 часа, или да покажете потврда дека сте го прележале коронавирусот, пренесува ABC Albania.

Овие правила важат и за патниците што минуваат низ Албанија, и само децата до шест години се ослободени од нив.

Граѓаните на Албанија кои немаат ниту еден од потребните документи по пристигнувањето во земјата, мора да бидат ставени во 10-дневен карантин.

Во Албанија е исто така во сила полициски час од 23 часот до 6 часот наутро.