Во акцијата ”ГОРА” на листата новообвинети и лица од липковскиот крај

Сподели со своите пријатели

Постапувајќи по ОА ГОРА, во текот на минатиот месец, Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје во три поединечни случаи поднесе три кривични пријави против шест лица за сторени 11 кривични дела и тоа: три дела “кражба“ (чл.235 ст.3), по две кривични дела “помагање“ (чл.235 ст.3 в.в. со чл.24), “фалсификување или уништување деловни книги“ (чл.280 ст.1 и ст.2) и по едно дело “злоупотреба на службена положба и овластување“ (чл.353) и “помагање“ (чл.353 в.в чл.24 ). Притоа пријавените со сторените кривични дела причиниле штета од над 180.000 денари, додека пак безправно биле исечени 26 метри кубни огревно дрво.

Loading...

Kривичнопријавени се лицата, С.С. (32) од Куманово, и Ј.Н. (27) од Скопје. Првопријавениот како управител на правно лице Друштво за производство, трговија и услуги „СОКОЛ-АРС КОМ“ ДООЕЛ с.Гошинце, општина Липково, противправно присвоил бесправно исечено, од туѓа шума, мешано огревно дрво, даб и габер во количина од 16 м3. Од таа количина 15 %, односно 2,4 м3 биле жигосани но со жиг со број што воопшто не фигурирал во документацијата на фирмата за набавка на таква дрвна маса.

С.С. со намера да изврши легален превоз на бесправно исечената дрвна маса од неговиот склад за дрва во с.Гошинце до купувач од с.Сарај-Скопје, изготвил и со свој потпис и службен печат заверил испратница во која внел невистинити податоци дека наводно цела количина на дрва, односно најмалку 80 % е жигосано со жиг и дека ја издава за сметка на одобрение за сеча иако по истото немал извршено набавка на дрвна маса.

Така изготвената испратница му ја дал на второпријавениот кој откако ги натоварил дрвата во ТМВ “Мерцедес“ сопственост на друго лице од Скопје, се упатил кон домот на купувачот, но на обиколницата во правец Радишани кон Мирковци бил забележан и запрен од страна на полициски службеници од ЕПОИ АЛФА. Притоа, при контролата Ј.Н.  ја приложил невистинитата испратница како вистинска, како доказ дека превозот на дрвната маса е легален, но откако при увид во истата било утврдено дека натовареното огревно дрво е недоволно жигосано со јасно видлив шумски жиг и поради сомнение дека дрвата потекнуваат од бесправна сеча, веднаш била повикана шумска полиција од чија страна била извршена контрола и мерење на дрвната маса и од Ј.Н. била одземена испратницата и предадена на СВР Скопје – ЕЕКК.

Второпријавениот од страна на ЕПОИ АЛФА бил лишен од слобода и приведен во ПС ОН Чаир, каде од него е одземено ТМВ и дрвната маса. Со наведеното, пријавените ја оштетиле заедницата за 112.000 денари.