ВО 90-тите години, беше најголемата бомба! Мажите ја обожуваа, сега има 49 години и повторно се соблече! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Американската актерка и ѕвезда на серијата „Чувари на плажата“, Кармен Електра, покрај тоа што глумеше во бројни филмови, позираше и за разни машки списанија, меѓу кои и „Плејбој“.

Loading...

Кармен беше олицетворение на убавината кон крајот на 90-тите години на минатиот век. Неодамна наполни 49 години и изгледа исто толку добро како што изгледаше на почетокот на нејзината кариера.

 

 

Додека пред скоро две децении владееше на светската шоу-бизнис сцена, Електра денес не е толку успешна – во последните години ги забавуваше гостите како хостеса на престижни забави, всушност сепак го наплатува својот сексипил, но не и на толку високо ниво како порано.

И покрај тоа, таа сè уште изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот. Таа неодамна го потврди ова со видео на Инстаграм во минијатурно портокалово бикини.

 

Loading...

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carmen Electra (@carmenelectra)

“Секој има нешто што не сака, па дури и модели, филмски и рок-ѕвезди. Изградете самодоверба работејќи на себе и чувствувајте се добро за тоа. Сакав да ги охрабрам жените”, рече таа тогаш.

Кармен во својата емотивна биографија има долг список на познати љубовници, но најпознат е секако кошаркарот Денис Родман. Тие се венчаа во 1998 година во капела во Лас Вегас, но по само девет дена бараа поништување на бракот. Потоа заврши во брак со гитаристот Дејв Наваро, а оваа врска траеше три години. После тоа, таа се вери со музичарот Роб Патерсон, но бракот не се случи поради неговото неверство. После овој љубовен бродолом, таа падна во прегратките на Сајмон Кауел, со кого раскина во 2013 година. Оттогаш не се знае ништо повеќе за нејзиниот љубовен статус.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carmen Electra (@carmenelectra)

Leave a Reply