Во 9 часот Ковачевски ќе ја преземе функцијата премиер

Сподели со своите пријатели

Во Владата на Република Македонија денеска со почеток во 9 часот ќе се изврши примопредавање на функцијата и кабинетот помеѓу досегашниот премиер Зоран Заев и новоизбраниот премиер Димитар Ковачевски.

Loading...

Во експозето пред пратениците Ковачевски рече дека фокусот на владината програма е на граѓаните, економијата и на справување со последиците од пандемијата и енергетската криза. Тој посочи дека не се потребни нови избори, најавувајќи зголемување на пензиите и раст на минималната и просечната плата, како и реформи во образованието. Говорејќи за спорот со Бугарија, Ковачевски рече дека разговорите ќе продолжат и ќе бидат интензивирани без да биде загрозен идентитетот на народот.

Расправата за избор на новата влада во Парламентот траеше два дена.

Владата на Ковачевски брои 21 член – од СДСМ 11, ДУИ шест, Алтернатива тројца и еден министер од ЛДП.

Новиот владин кабинет има еден член повеќе од досегашниот и тоа министер без ресор, место што по формирањето на новото парламентрано мнозинство и припадна на Алтернатива.

МИА