Во 2022 година околу 330.000 мигранти се обиделе да влезат во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Околу 330.000 мигранти се обиделе неовластено да влезат во Европската унија минатата година, што е најголем број од 2016 година, соопшти денеска Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс).

Loading...

Според прелиминарните пресметки, половина од обидите во текот на 2022 година биле по копнени патишта, преку регионот на Западен Балкан, соопшти Фронтекс.

Без оглед на маршрутата на влез, Сиријците, Авганистанците и Тунижаните заедно сочинуваат околу 47 отсто од обидите за преминување на границата.

Во повеќе од 80 проценти од обидите за влез учествувале мажи, пренесува АП.

Последните податоци на Фронтекс не ги вклучуваат речиси 13-те милиони украински бегалци регистрирани на надворешните граници на ЕУ меѓу февруари и декември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мадуро размислува за повторно отворање на Канцеларијата на ОН за човекови права во Венецуела

Бројот на луѓе кои тргнуваат на потенцијално опасни патувања низ Средоземното Море со слабо опремени и често преоптоварени чамци и гумени чамци продолжи да расте во текот на изминатата година, според АП.

Фронтекс објави дека се регистрирани повеќе од 100.000 вакви обиди за преминување, што е за околу 50 отсто повеќе отколку во 2021 година, а најголем број се Египќани, Тунижани и Бангладешци.

Агенцијата на ЕУ објави дека во 2022 година најмногу луѓе во последните пет години пристигнале од Либија, главната појдовна точка во Северна Африка, додека бројот на оние кои го напуштиле Тунис достигна највисоко ниво во поновата историја, пренесува АП.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза

Повеќе од милион луѓе, од кои повеќето се Сиријци кои бегаат од воени конфликти, влегоа во ЕУ во 2015 година и ги преплавија прифатните капацитети, предизвикувајќи една од најголемите политички кризи во Европската унија.

Земјите-членки на ЕУ сè уште се во расправија околу тоа кој треба да ја преземе одговорноста за луѓето кои пристигнуваат илегално и дали нивните соседи и партнери имаат обврска да помогнат, а напорите за реформирање на системот за азил на ЕУ досега постигнаа мал напредок.