ВМРО-ДПМНЕ: Штабот на СДСМ издаден на приватен субјект е сопственост на општината

Сподели со своите пријатели

Партиските простории кои ги користи Општинската организација на СДСМ Куманово се во сопственост на општината, обелодени на прес конференција денеска, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Станува збор за штаб кој моментално го користи угостителски објект како свој магацин, а за што на претходната прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ постави прашања во чија сопственост е и кој го има издадено на користење објектот.

Во реакцијата на градоначалникот за претходната прес конференција се вели дека сопственици на простории во зградата на поранешниот Комитет во Куманово се СДСМ, Сојузот на борци на НОВ и Сојузот на синдикати на Македонија, посочува Петрушевски, додека пак претседателот на ОО на СДСМ во својата реакција вели дека во идниот период ОО на СДСМ – Куманово преку поднесување на тужба до Основен Суд во Куманово ќе бара утврдување на сопственост за посочениот објект.

– Катастарската парцела број 17651, во катастарска општина Куманово, каде се наоѓаат објектите во состав на зградата позната како поранешен Комитет, поседува два имотни листови со број 15107 и 72960. Во овие имотни листови како сопственик на овие објекти е евидентирана Република Македонија, а правото на користење го има Општина Куманово. Тогаш, ако сопственик на зградата на поранешниот Комитет не е СДСМ, Сојузот на борци на НОВ и Сојузот на синдикати на Македонија, туку е Република Македонија, а правото на користење го има Општина Куманово, логички се поставуваат следниве прашања Кој и во чие име досега ги потпишувал договорите за користење на просториите од посочениот објект? На чија сметка се уплаќани и се уплаќаат парите од надоместокот за издавање на деловните простории, од голем број на правни субјекти кои овие објекти ги користат сите години наназад? Дали овие пари, не нелегелен начин, се испумпувани од сметки на организации и се користени за незаконско финанисрање на кампањите на СДСМ, рече Бране Петрушевски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

 

Loading...

 

Како што додаде Петрушевски, во одговорите на овие прашања се крие до сега невиден скандал во општина Куманово.

– Ги повикувам по допрен глас да реагираат соодветните институции, пред се ОЈО,  Финансиската полиција, УЈП и Државниот ревизор и да го утврдат текот на парите од закупнината во сите изминати години, рече Петрушевски.

 

 

Според првиот човек на општинскиот комитет зградата на поранешниот Комитет е изградена во 1976 година со заеднички средства на ОО на СКМ Куманово, Општинска синдикална организација, Собрание на Општина Куманово и ОО на Сојуз на борци од НОБ од Куманово, како и со донација од стопански работни организации или во превод со пари на сите граѓани на општина Куманово и единствен логичен сопственик на посочениот објект може и мора да биде општина Куманово.

– Затоа го повикувам претседателот на ОО на СДСМ во Куманово да се откаже од намерата за судска узурпација на зградата на поранешен Комитет и истата да ја остави во владение на општина Куманово. Исто така, ја поздравувам намерата на градоначалникот на општина Куманово, за разгледување на сите склучени договори со сите корисниците на простор во посочениот објект и истото транспарентно да го објави пред кумановската јавност. Воедно го повикувам, во согласност со своите надлежности, да обезбеди правилно и законито користење на сопственоста на општината, поточно да ја заштити општинската сопственост поранешниот Комитет и наместо да се планира градење на нова општинска зграда, да се уреди овој репрезентативен објект за потребите на општината, рече Петрушевски.

 

Loading...

 

Што се однесува на преиспитувањето како ВМРО-ДПМНЕ има партиски штаб во зградата на поранешен комитет, претседателот вели дека тоа е однесување кое не е далеку од политичко насилство и упатува совети до градоначалникот и првиот човек на СДСМ Куманово, како што вели, да расчистат во својот двор и да одговорат на прашањата кои им се поставени.

Leave a Reply