Влијанието на Инстаграм стана толку важно што поради тоа веќе се рушат и хотели (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Откако гостите започнале да објавуваат фотографии од хотелот на Инстаграм, браншата се прилагодувала на новонастанатата ситуација. Многу хотели специјално се осмислени за да изгледаат што подобро на фотографиите. Новиот тренд е познат како „Instagrammability“.

Како креативен директор на агенцијата „Стилт“ која се занимава со уредување на угостителски објекти, Норвежанецот Ерик Нисен Јохенсен одговорен е за изглед на над 400 ресторани и 250 хотели ширум светот.

– При планирањето секогаш имам совршен агол за фотографирање во главата, вели овој 53-годишник.

 

Loading...

 

Неодамна го променил изгледот на хотелот „Downtown Camper by Scandic“ во Стокхолм, и како што вели, го претворил „најдосадниот хотел во градот во инспиративен базен камп за урбано истражување“.

Тимот прилагодил еден кат, на кој се наоѓа „бескраен базен“. Гостите се капат пред кулисот на кралскиот дворец, на „еден од најпогодните места во Стокхолм за фотографирање и објавување на Инстаграм“, објаснува дизајнерот.

 

 

– Мерилото на престижот денес не се скапи часовници, туку искуствата кои ви даваат предност во однос на пријателите и накои другите ќе ви завидуваат, додава тој.

Многу млади луѓе денес се најсреќни кога одат на истакнати места, а како доказ објавуваат селфи фотографии. Хотелиерите кои сакаат да им задоволат на таквите гости, но и на т.н. инфлуенсери, кои објавуваат фотографии на профилите на кои се претплатени десетици или стотици илјади луѓе, се трудат да ги опремат хотелските соби во предоврја со детали, како што се плетени фотелји во форма на школки со силни бои, егзотични билки, упадливи графити на локални стрит арт уметници или, на пример, модел од авионот „конкорд“, дол шест метри од пазар во Париз, со каков Јохансен го декорирал неодамна отворениот хотел „Tour“ во Дизелдорф.

 

Loading...

 

– Феноменот Инстаграм е благослов и клетва истовремено, вели 39-годишниот Никол Бил од Цирих, кој од 2014. година, заедно со партнерот Мухамед Бусади отвориле ријад Бе во Маракеш. Објект со десет соби кој е многу популарен на Инстаграм, особено поради базенот во дворот, зеленилото.

Leave a Reply