Влезот на Куманово ќе добие современ кружен тек

Сподели со своите пријатели

Современ кружен тек ќе биде изграден на влезот на Куманово, поточно на крстосницата од булеварот „Трета македонска ударна бригада“ и улицата „11 Октомври“.

Loading...

Изградбата на вакво сообраќајно решение треба да го растерети сообраќајниот метеж во градот, смета градоначалникот Максим Димитриевски, а воедно ќе се уреди и ликот на градот.

– Завршена е постапката за изготвување градежен проект, тендерската постапка е во тек да се избере изведувачот. Верувам дека во текот на оваа година ќеотпочнеме со реализација на влезот во градот, а тоа е крстосницата каде се спојуваат „Трета МУБ“ со улицата „11 Октомври“. Ќе имаме едно модерно, современо решение на влезот во градот кое ќе биде за пример, па во следната година да можеме да планираме дополнителни вакви проекти, а со тоа и дополнително да го растеретиме сообраќајниот метеж во градот, изјави Димитриевски.

Тендерската постапка завршува денеска, по што од пристигнатите понуди ќе биде избран најповолниот понудувач. Проценетата вредност на проектот е 20 милиони денари или околу 320.000 евра.

Leave a Reply