Влегол во болница и им кажал на докторите дека има граната во интимниот дел

Сподели со своите пријатели

Претходниот викенд бил доста жив и експлозивен во Кралската болница во Глучестер. Имено, во еден момент во итната помош дошол маж и се пожалил дека во ректумот му се заглавила граната од 57 милиметри од Втората светска војна.

Loading...

Можеме само да ги замислиме изразите на лицата на деминерите кога болничкиот персонал ги повикал да дојдат на интервенција, но експертите за експлозивни направи навистина морале да брзаат да им помогнат на лекарите за време на оваа спектакуларна акција, пишува Newsweek.

За среќа, утврдено е дека гранатата не била активна и не претставувала опасност за пациентот или персоналот, а ако логично се прашувате како воопшто стигнала до ова место, пациентот имал „објаснување“.

Знаете, се лизнав и паднав врз неа“, рекол несреќниот човек, што ги запрепасти лекарите, пренесуваат британските медиуми.

Се додава дека мажот наводно ја нашол гранатата на таванот и дека успешно се опоравува по интервенцијата на лекарот.