Владата закажа седница за попладнево

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија денеска со почеток во 16:00 часот ќе одржи седница.

Loading...

На седницата најверојатно ќе се носи одлуката за полициски час за претстојниот викенд. Според вчерашните најави на министерот за здравство Венко Филипче, утринава се разговарало на таа тема на Комисијата за заразни болести, по што нивниот предлог ќе биде доставен до Владата.

Каква ќе биде одлуката вчера Филипче не прецизираше, но рече дека ќе се анализираат бројките на заболени и моменталната состојба и врз основа на препораки на експертите ќе се носи одлуката.

Утре ќе се прават детални анализи на податоците со цел да се донесе одлука на каков начин да се олабават рестриктивните мерки од понеделник.

За одлуките од седницата, јавноста ќе биде информирана по нејзиното завршување.

Никола Ивановски

Leave a Reply