Владата воведува нова бескаматна кредитна линија „КОВИД 4“

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за воведување нова бескаматна кредитна линија ,,КОВИД 4’’ со грант компонента како една од мерките од шестиот пакет анти-ковид економски мерки.

Loading...

Владата ги задолжи Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и Министерството за финансии во соработка со Развојна банка на Северна Македонија да ги преземат неопходните чекори за операционализација на мерката која предвидува 615.000.000 денари од буџет да бидат наменети за тековни средства и ликвидност на микро, мали и средни трговски друштва од најпогодените сектори од КОВИД – 19, како што се занаетчии кои плаќаат давачки на реален приход, трговски друштва од дејноста туризам, приватните здравствени установи и други дејности.

Мерката предвидува, доколку кредито-корисникот ги исполни условите опфатени со неа, заемот да се трансформира во грант во висина до 50% од бескаматниот кредит.

Leave a Reply