Владата во Штип денеска ќе ја одржи 4. редовна седница

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија денешната редовната 4-та седница ќе ја одржи во Штип како четврта од серијата седници што се одржуваат во 10 региони во земјата.

Loading...

Централна точка на дневниот ред на оваа седница е информацијата за состојбите и извршените посети во општините Штип, Пробиштип, Свети Николе, Радовиш, Конче, Чешиново – Облешево, Карбинци и Лозово.

По тој повод, како и за активностите на членовите на Владата во регионот, изјави за медиумите ќе дадат Претседателот на Владата на Северна Македонија Оливер Спасовски и градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски.

Изјавите ќе бидат дадени во холот на општината во 17:10 часот.

Редовната 4-та седница на Владата на Северна Македонија, со која ќе претседава премиерот Оливер Спасовски, се очекува да започне во 17:30 часот и ќе се одржи во зградата на Општина Штип и медиумите ќе можат да го фотографираат и снимаат почетокот на седницата.

Leave a Reply