Владата во 13 часот ќе одлучи за нови мерки, закажан прес на Заев и Филипче

Сподели со своите пријатели

Владата на Северна Македонија денеска во 13:00 часот преку видеоврска ќе ја одржи 63-тата редовна седница на која членовите на Владата ќе разговараат за актуелната состојба, текот и прогресот на активностите во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19.

Loading...

За донесените одлуки и заклучоци од седницата јавноста ќе биде информирана на прес-конференција со почеток во 14:00 часот.

Прес-конференцијата ќе ја одржи претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со министерот за здравство Венко Филипче, заменик-министерот за здравство Илир Хасани и претседателот на Комисијата за заразни болести, прим. д-р Жарко Караџовски.

Се очекува да бидат соопштени одлуките за воведување нови рестрикции, зголемување на полицискиот час и целосно или делумно затворање на угостителските објекти во следните 14 дена.

Никола Ивановски

Leave a Reply