Владата ќе ја одржи редовната 141. седница

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 141-ва седница, со повеќе точки на дневен ред од програмата за работа и од интерес на граѓаните.

Loading...

На денешната седница Владата на РСМ ќе ја разгледа Информацијата за испраќање на републички сили за заштита и спасување на меѓународна вежбовна активност за менаџирање на итни ситуации, која, под покровителство на Министерството за внатрешни работи – Сектор за вонредни ситуации на Република Србија и Министерството за цивилна одбрана на Руската Федерација која ќе се одржи од 25 до 27 Јуни 2019 година, во Ниш, Република Србија.

На предлог на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штети од елементарни непогоди, на оваа своја седница, министрите во владата ќе бидат информирани за Збирниот извештај за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините Арачиново, Богданци, Валандово, Врапчиште, Делчево, Лозово, Могила, Прилеп, Ресен и Свети Николе во 2018 година.

Владата на РСМ денеска ќе се запознае и со Информацијата за текот на процесот на апликацијата за Националната франкофонска иницијатива за периодот 2019-2022 година, во Меѓународната организација на Франкофонијата.

Министер без ресор за имплементација на Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во РСМ, на оваа седница ќе информира за преземените активности во врска со реализацијата на активностите од Стратегијата за Роми 2014-2020.

Редовната, 141 седница на Владата на Република Северна Македонија е предвидено да започне во 12:00 часот.

Текст и фото: Влада на РСМ

Leave a Reply