Владата ќе ја одржи 114-та седница

Сподели со своите пријатели

Со почеток во 12:00 часот Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 114-та седница

Loading...

На првата владина седница во 2019-та година, на дневен ред се предлог – програми за реализација на крупни проекти на речиси сите министерства. 

На 114-та седница пред министрите ќе се најде предлог – програмата за работа на Владата на Република Македонија во 2019-та година.

Денеска Владата ќе ја разгледа информацијата за годишна програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2019 година, со Предлог-одлука.

Министерството за здравство за денешната седница предлага дваесетина предлог–програми за претстојната година. Дел од нив се предлог-програма за задолжително здравствено осигурување на државјаните на Република Македонија, за систематски прегледи на учениците и студентите, понатаму предлог-програма за Здравје за сите, за лекување на ретки болести, за задолжителна имунизација, за трансплантација, за рана детекција на малигни болести и.т.н.

На предлог на министерството за образование и наука, на дневен ред се предлог-програмите за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, како и предлог-програмите за остварување и развој на дејноста во ученичкиот и студентскиот стандард за 2019-та година.

Владата на 114-та седница ќе одлучува за предлог-годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2019-та година.

На предлог на Агенцијата за храна и ветеринарство, дел од владината седница е предлог-програмата за мониторинг на безбедност на храната во Република Македонија за 2019-та година.

Loading...

Дел од денешната седница се и предлог-програмата за инвестирање во животната средина за претстојната година, како и предлог – програмата за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019-та година.

Leave a Reply