Владата ќе го разреши Жарко Денковски од функцијата генерален секретар на Собранието

Сподели со своите пријатели

Кумановецот Жарко Денковски по неколку години ќе замине од функцијата генерален секретар на Собранието. Ова е првата точка по која ќе расправа Комисијата на прашања за избори и именувања.

Генралниот секретар го именува Парламентот, а по предлог на Комисијата за прашања на избори и именувања. Според деловниот, генералниот секретар му помага на претседателот на Собранието во пдоготовка и организирање на седниците и ја организира и усогласува работата на Службата на Собранието.

Жарко Денковски е именуван за генерален секретар на Собранието на Република Македонија во 2007 година.

За нов генерален секретар е предложена поранешната пратеничка на СДСМ, Цветанка Иванова.

 

Loading...