Владата ќе го одбележи „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“

Сподели со своите пријатели

По повод одбележувањето на „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, Владата на Република Северна Македонија денеска, 23.10.2021 година (сабота) од 10:00 часот порганизира положување на свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк, Скопје.

Loading...

На настанот ќе биде присутна владина делегација составена од Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.