Владата го разреши Стојко Пауновски

Сподели со своите пријатели

Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на Државниот пазарен инспекторат, а одлуката ја донесе на вчерашната седница.

Loading...

– Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ) според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување, информираат од Владата.

Оваа консензуално донесена одлука, велат од Владата, е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според  Законот за Државен пазарен инспекторат.

Никола Ивановски

Leave a Reply