Владата денеска ќе ја одржи редовната 95. седница

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата 95-та седница со повеќе точки на дневен ред од Програмата за работа на Владата на РМ и од интерес на граѓаните.

На оваа седница Владата на РМ ќе ја разгледа Информацијата за пренамена на средства од Програмата за енергетска ефикасност и обновливи енергии за финансирање на проекти од областа за наводнување, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерството за економија, пред министрите во владата, денеска ќе ја презентира информацијата во врска со формирање на работна група за Национален акциски план за енергија и клима.

На денешната седница владата ќе се произнесе и по информацијата за обезбедување деловен простор за проектот за отворање на Инфо-центар за евроатлантски интеграции, на предлог на Министерството за надворешни работи.

На оваа 95-та седница на Владата на РМ, со дневниот ред е најавена и информација за усвојување на меѓународната Повелба за отворени податоци.

Денеска ќе се разгледа и информацијата за потреба од итна санација на армирано-бетонски мост на пругата Велес – Гевгелија.

За дневниот ред на денешната седница на владата, Националната установа Археолошки музеј на Македонија – Скопје, ќе информира за реализација на меѓународната изложба со наслов „100 Години Требениште“.

Leave a Reply