Владата денеска ќе ја одржи редовната 50-та седница

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 50-та седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Loading...

На предлог на Канцеларијата на Претседателот на Владата, на седницата ќе биде разгледан Извештајот за процесот на пилотирање на новиот модел за проценка на дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на дете и младинец, базиран на Меѓународната класификација на функционирањето (МКФ), како светски стандард за класификација, одобрена од Светската здравствена организација во 2001 година.

На седницата, на дневен ред за разгледување се наоѓа и Предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк.

На оваа седница на Владата е и Информацијата за состојбата со аерозагадувањето и потребата од продолжување на процесот на замена на нееколошки горива во јавните објекти во Република Северна Македонија поднесена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

На денешната редовна седница, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска ќе биде разгледана и Предлог-програмата за рамномерен регионален развој за 2021 и 2022 година, предложена од Министерството за локална самоуправа.

За донесените одлуки и заклучоци од седницата, која е предвидено да започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

Leave a Reply