Витаминот Ц помага кога настинувате, а во овие 6 намирници го има најмногу!

Сподели со своите пријатели

Витаминот Ц е вашиот најдобар сојузник во борбата против настинката.

Loading...

Препорачаната дневна доза за жени е 75, а за мажите 90 милиграми. Еве кои намирници ја содржат најмногу:

Чили пиперчиња: Половина чаша сецкани чили пиперчиња содржи 107,8 мг витамин Ц, а научниците открија дека пиперките се богати со капсаицин, состојка што ги прави лути. Исто така, помага во ублажување на болката во мускулите и зглобовите.

Црвена пиперка: Чаша црвена пиперка содржи скоро три пати повеќе витамин Ц од портокал. Исто така, овој зеленчук е богат со витамин А, што е одличен за здравјето на очите.

 

 

Зелени пиперки: Чаша зелена пиперка содржи дневна доза од потребниот витамин Ц, а исто така е добар извор на диетални влакна кои помагаат при метаболизам и варење.

Loading...

Кељ: Кељот е богато со витамини А и К и содржи 80 мг витамин Ц. Со честа потрошувачка на кељ, внесувате дневна доза на минерали и незаситени масни киселини.

Брокула: Овој зеленчук е богат со витамин Ц и растителни влакна, а содржи само 30 калории по порција. Некои истражувања покажуваат дека може да помогне во спречување на повеќе видови на рак.

Јагоди: Црвеното и слаткото овошје е полно со витамин Ц и богато со фолна киселина, калиум, железо и магнезиум или минерали кои се добри за здравјето на срцето и крвниот систем. Во случај да не сте знаеле, јагодите помагаат вашите заби да бидат бели.

 

Leave a Reply