ВИСТИНСКИ РАЈ: Петте најубави плажи во светот (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Ни доаѓа летото и нашите мисли се повеќе лутаат кон дивите песочни или камени плажи во соседството. Меѓутоа, некои од најневообичаените и најубавите плажи се поинакви од она на што сме навикнати. Запознајте ги сокриените морски убавини кои ќе ве воодушеват.

Сокриената плажа

Плажата на љубовта на Мариета островите во Мексико има, всушност доста насилно минато.

 

Loading...

Формирана е во периодот кога мексиканските власти тестирале бомби и направиме огромна дупка во внатрешноста на карпата. Денес таа е една од најинтересните туристички дестинации во тоа подрачје.

Сјајната плажа

Замислете ѕвездена ноќ и океан пред вас. Да, така изгледа оваа плажа на Малдивите.

 

 

На плажата се наоѓаат многу фитоплантони кои светат кога се вознемирени, што ја прави нејзината убавина.

Плажата со врела вода

Заборавете на џакузи и базени. Замислете топла купка со подводни врела – призор кој ќе ве затекне кога ќе дојдете на новозеландскиот полуостров Коромандел.

 

Loading...

А  водата е загрената на некои места и до 60 степени целзиусови.

Зелена плажа

Можеби на прв поглед се чини како таа плажа да е прекриена со мов, но тоа всушност бојата на песокот на Папоколеа плажата на Хаваите.

 

Како настанала зелената боја? Блискиот вулкан произведува зелен минерал на олово кој допира до самата плажа и таа е една од четирите зелени плажи во светот.

Пустинска плажа

Ако сте мислеле дека пустините се сместени само на суви предели, тогаш сигурно немате слушнато за националниот парт Ленсоис Маранхенсес во Бразил.

 

Секоја година, билни дождови го поплавуваат националниот парк што резултира со прекрасни лагуни со бел песок. Ако сакате да ја посетите, најдобро време за тоа е од мај до септември. Тогаш во водите може да се видат и риби.

Loading...