Вистината за проколнатата кукла која веќе 100 години ги плаши мештаните (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Куклата Роберт, која се наоѓа во еден музеј во Кеј Вест на Флорида, повеќе од сто години ги плаши жителите на оваа место.

Според легендата, куклата наречена Роберт припаѓала на истоименото момче РОберт Отоу, кој живеел во Кеј Вест кон почетокот на 1900 година.

Момчето куклата ја добило како подарок од негувателката, но кратко потоа во нивниот дом започнале да се случуваат работи кои немале објаснување.

Проколната вила на богата вдовица има 200 врати кои не водат никаде (ФОТО+ВИДЕО)

Loading...

Роберт е крпена кукла, наполнета со слама, која потсетува на морнар. За тоа колку ја сакал сопственикот – момчето Роберт, зборува и фактот дека и го дал своето име, и од неа не се оделувал никогаш.

Имено, родителите ноќе можеле да го слушнат својот син Роберт како зборува со некој кој има млад, пискав глас, а често се случувало кога ќе влезат во совата, таа да биде во целосен хаос. Момчето, преплашено за сиот неред ја обвинувал куклата. Родителите првин не му верувале и се препишувале на детската фантазија.

Меѓутоа, откако минувачите повеќе пати навеле дека виделе кукла која се поместува од прозорец на прозорец, решиле куклата да ја тргнат на таванот. И таму била се додека момчето не пораснало, а неговите родители не починале.

Како што наведуваат мештаните, проколнатата кукла домашните не можеле да ја исфрлат од куќата. Некои дури велат дека, откако пораснал и сфатил дека е проколната, Роберт повторно ја заклучил куклат ана таванот, што него и неговата сопруга на крајот ги довело до лудило.

Шума во Трансилванија во која не би сакале да зачекорите (ВИДЕО)

Денес куклата Роберт се наоѓа во музеј изграден на местото на некогашниот дом на семејството. Во рамките на музејот постои и хостел во кој само најхрабрите можат да преноќат. Многу посетители велат дека доколку куклата не ја замолите за фотографија ноќе потоа ќе ви се случуваат чудни работи, како престанок со работа на автомобилот, изненадни болести, низа несреќи и слично.

Доколку ги прочитате коментарите кои се наоѓаат под видеото за оваа кукла, ќе сфатите дека има многумина кои од неа бараат простување.

Хостелот денес го носи името „Домот на Уметникот“, а оние најхрабрите можат да изнјамат соба во која некогаш била куклата.

Leave a Reply