Вистина или алкохол: Бивши парови одговараат на незгодни прашања (видео)

Сподели со своите пријатели

Неколку поранешни љубовни парови преку игра односно експеримент, се обидуваат да дознаат што всушност се случувало со нивните партнери на начин што пред себе имаат прашања за кои ако не се спремни на одговори, мора да се напијат чашка алкохол.

Loading...

Паровите, кои патем не ги знаат прашањата, отвараат ливче по ливче и чекаат реакција. Некои од нив се спремни на одговор, додека други наместо тоа, посегнуваат по чашка.

Во целата игра, некои велат дека после раскинување им фали сексот, другите вниманието, а некои одбиваат да дадат искрен одговор.

Играта станува интересна кога партнерите добиваат задача да се напијат алкохол од стомакот или градите на партнерот, или кога стануваат предизвикани да го бакнат бившиот партнер или да одговорат на прашањето каде се гледаат себе си и поранешниот партнер после 10 години.

Пробајте да организирате ваква забава со бившата љубов. Или ќе завршите пијани, или ќе ги слушнете сите одговори кои ве мачеле во меѓувреме.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.