Високи водостоите на Кумановка и Пчиња

Сподели со своите пријатели

Водостоите на реките во Македонија се во пораст со зголемувањето на температурите и топењето на снегот од повисоките населени места, но и поради врнежите кои ја зафатија државата во изминатите денови.

Така реката Кумановка со мерна станица во населбата Вера Которка денеска во 13 часот има водостој од 110 сантиметри, но сепак тоа е благо намалување во споредба со 118те сантиметри измерени утринава во осум часот. На трети март водостојот на реката бил околу 70 сантиметри, покажуваат податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

Висок водостој има и реката Пчиња со мерна станица во село Пелинце. Според последните мерења извршени утринава во 8 часот, реката достигнала ниво од 98 сантиметри, тоа е зголемување од триесетина сантиметри во споредба со почетокот на месецов.

фото: архива

Loading...

Leave a Reply