Високи припадници на украинската армија обвинети за геноцид во Донбас

Сподели со своите пријатели

Руските истражители обвинија 22 лица за геноцид врз населението во Донбас што зборува руски, меѓу кои и поранешниот украински министер за одбрана Валери Гелетеј и началникот на украинскиот Генералштаб Виктор Муженко, соопшти рускиот Истражен комитет.

Loading...

Во текот на истрагата, соработниците на комитетот анализирале голем број документи и други податоци.

 

Австралија испраќа оклопни возила во Украина

 

„Податоците содржани во нив овозможија проширување на обвинувањата против одредени високорангирани украински воени лица вклучени во страдањата на цивилите во Донбас. Врз основа на тие докази, 22 лица се обвинети за геноцид врз цивилното население чиј мајчин јазик е рускиот“, се вели во соопштението, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставници на Северна Кореја во посета на Иран

Претседателот на Истражниот комитет Александар Бастрикин исто така изјави дека во согласност со податоците на комитетот, покренати се 590 случаи во врска со настаните во Украина.

 

Loading...

Се шират снимки од украински напад врз руска територија (ВИДЕО)

 

Во текот на истрагата биле испрашани повеќе од 169.000 луѓе, од кои повеќе од 42.000 биле жртви.

Прес-службата на Комитетот додава дека Бастрикин наредил проширување на истражната група за истрага на злосторствата, како што се наведува, на украинските националисти во Донбас.