Високата зона во Куманово без вода

Сподели со своите пријатели

Поради дефекти привремено без вода во Куманово е високата зона.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, освен високата зона, проблеми со вода денеска ќе има и улицата „1“ во населбата Јане Сандански.

Проблемот со високата зона е поради дефект, а не поради недостаток на вода, бидејќи според информацијата во билтенот на РЦУК, од вештачките акумулации Липково и Глажња пристигнуваат доволни количини сирова вода, односно 350 литри во секунда.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Leave a Reply