Вирус му го уништил мозокот и сега има памтење само седум секунди (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Клајв Веринг е Британец со најлош случај на амнезија во светот. Некогаш познат диригент и музичар, преживеал опасен вирус во 1985 година што му го оштетил мозокот.

Loading...

Му го спасиле животот, но мозокот е толку оштетен што Клајв успева да запомни само седум секунди.

Дури сега целиот свет слушна за Клајв откако беше снимен документарец за неговата необична болест. Откако добил висока температура, откриено е дека има посебен вирус што му го уништува мозокот.

Тие успеале да му го спасат животот, но вирусот направи голема штета. По неговото закрепнување, лекарите сфатиле што се случило.

Човекот останал без сеќавање и во ретки моменти Клајв раскажува дека минува низ пекол.

Денес е жив, сместен во посебен објект што се грижи за лица со оштетување на мозокот. Она што е фасцинантно е тоа што Клајв совршено свири на пијано.

Се сеќава на неколку работи, а една од нив е и неговата сопруга. Тој се сеќава и на своите деца, иако сè уште мисли дека се на училиште и не може да ги запомни нивните имиња.

– Штом го оставам, добивам еден куп пораки што гласат исто. Дојдете што побрзо, ве сакам, само известете ме. Тој не знае дека сме се виделе или дека ми се јавил, ако ја напуштам просторијата и влезам повторно, тој е воодушевен како да ме гледа за прв пат. Секој ден зборуваме исто, тој не знае ништо, но се сеќава на мене“, вели неговата сопруга Дебра, пренесува ЦДМ.

Loading...

Клајв води дневник за да му помогне во сеќавањето, но сето тоа воопшто не му помага. Секој пат кога ќе стане свесен дека е „буден“ го запишува времето и пишува како се чувствува во тој момент.

Но, по неколку минути, тој повторно станува свесен дека е „буден“, па го прецртува напишаното и додава: „Сега сум буден, не го читај ова претходно!

Така, дневниците што ги чува повеќе од 30 години изгледаат сосема исти. Секоја реченица е прецртана.

Иако го снимале повеќе од две недели, Калјв бил изненаден одвреме-навреме кога видувал новинари околу него. Им ги повторувал истите работи, тие постојано се среќавале, а разговорот што требало да се снима за 30 минути бил снимен за две недели.

По девет години, неговата сопруга одлучила да го напушти поради невозможноста да живее со него.

Сепак, по повеќе од една деценија, таа се вратила кај него. Кога ја видел, реагирал како да ја видел за прв пат, тој дури и не знаел дека таа не е таму повеќе од една деценија, пренесува ЦДМ.

Тој често има халуцинации поради болеста и од крајно интелигентниот човек не останува ништо, вели еден од неговите синови.

– Исто како и смртта. Не знам кога е ден или ноќ, немам размислувања, немам соништа, немам ништо – вели Клајв.

Loading...