Винстон е куче што преде, но не е ни чудо кога живее со шест мачки (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тиктокерката Beth Clark на оваа социјална мрежа сподели видео кое за кратко време го погледнале повеќе од 800.000 луѓе.

Loading...

На видеото се гледа нејзиното куче Винстон како преде како мачка додека Бет го гали по главата и ужива во тоа.

Ова куче дошло во семејството Кларк како кутре и „упаднало“ во друштво на шест мачки.

„Сите тие брзо се поврзаа“, изјави Бет Кларк за The Dodo.

Како што вели таа, прв пат забележала дека Винстон „преде“ кога имал четири месеци.

– Отпрвин бев изненадена. Но, брзо сфатив дека тоа само го имитира она што го прават другите мачки кога ги галиме – истакна Бет.

 

@bethdc7Ohhhh Winston 🤦🏻‍♀️🤌🏻 #pitbull #purr #cat #catsoftiktok #catdog

♬ original sound – Beth Dooley Clark

Loading...