Виктор Орбан и Марин Ле Пен разговараа во Париз за заканите за Европа

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан разговараше со лидерката на француската десница Марин Ле Пен за заканите со кои се соочува Европа, како што е војната во Украина.

Loading...

Разговорите во Париз меѓу лидерите на унгарскиот Фидес и француското Национално собрание се фокусираа и на инфлацијата и „погрешната и опасна политика на санкциите на ЕУ“, како и на „интензивирањето на мигрантската криза“, објави агенцијата МТИ.

 

Џонсон: Путин прави бавен, но опиплив напредок во Донбас

 

Орбан и Ле Пен се согласија дека европските партии кои ги претставуваат традиционалните вредности мора да работат заедно за да ги заштитат земјите на континентот во опасни и воени времиња. Во соопштението на прес-службата се додава дека „ниту бирократите од Брисел, ниту левичарите“ не можеле да ги спасат Европејците и нивните семејства.

Орбан го информирал францускиот политичар и за мерките на владата во Будимпешта која ќе работи на заштита на семејствата, пензионерите, работните места и дека ќе се постави лимит на сметките за комуналии поради „продолжената војна“.

 

Loading...

Лидерот на ДНР: Има околу 5.000 украински воени затвореници на територијата на ДНР

 

Ле Пен ја пофали одлуката на унгарската влада да воведе данок на дополнителната добивка од банките и мултинационалните компании, се додава.