Викендов во Скопје 33 сообраќајки, потешко повреден еден пешак

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје случени биле вкупно 33 сообраќајни незгоди, од кои во една потешко бил повреден пешак, А во осум со полесни повреди се здобиле 16 лица. Во 24 сообраќајки е причинета само материјална штета.

Како што информира МВР, во петокот сообраќајната полиција извршила увид на 11 сообраќајни незгоди, од кои во една со тешки телесни повреди се здобил пешак. Исто така, во една сообраќајка со полесни повреди се здобило едно лице, а девет поминале само со материјална штета.

Во саботата извршен бил увид во 14 сообраќајни незгоди. Во четири полесно биле повредени осум лица, а во 10 била причинета материјална штета.

Вчера во Скопје бил извршен увид на осум сообраќајки. Во три од нив со полесни повреди се здобиле седум лица, а пет биле со причинета материјална штета.

Викендов полицијата открила и санкционирала 16 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај, 15 возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, пет возачи поминале на црвено светло, како и 40 возачи кои го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола. Биле затекнати и 103 непрописно паркирано возило.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 103 возила.

Извор: МИА

Loading...