Викендов студено и суво, во понеделник услови за снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно сончево и студено со слаб ветер од северн правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2 степени целзиусови.

За време на викендот ќе се задржи стабилно, суво и студено време со нискиутрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени.

Во понеделник попладне и во ноќните часови кон вторник ќе има услови за појава на слаб локален снег. Од вторник ќе има постепен пораст како на утринските, така и на дневните температури и ќе настапи период на позитивни дневни температури.